Руски авиони случајно убија турски војници во Сирија
Објавено во: Свет 09 Февруари, 2017
Рускиот претседател, Владимир Путин веднаш се јавил на својот турски колега, Реџеп Ердоган и изразил сочувство за инцидентот.
Руски воени авиони кои вршат воздушни напади против ДАЕШ (арапски акроним на „Исламска држава") во Сирија, случајно убија тројца турски војници и ранија 11 други, соопштија од турската армија, цитирани од агенциите.
Војниците биле во земјата за поддршка на сириските бунтовници во нивниот обид да си ги вратат град Ал Баб од ДАЕШ, информира БиБиСи (BBC). Оваа операција е дел од напорите на Турција да го држи курдските борци и исламската терористичка група далеку од јужната граница.
Русија и Турција поддржуваа спротивставени страни во сириската војна, но неодамна се здружија за заеднички воздушни напади.
Руски авиони нападнале зграда во која биле распоредени дел од турските војници, во близина на Ал Баб, велат од турската армија. Плановите биле да бидат погодени цели на терористите. Двете земји, Русија и Турција спроведуваат истрага за случајот.