03 Мај, 2024
0.0289

Рускиот амбасадор и градоначалникот на Центар заедно засадија дрва во Паркот на сеќавањата за жртвите на фашизмот

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

За брзо време ќе почне целосна реконструкција и обнова на паркот што се наоѓа во непосредна близина на спомен обележјето позади Универзалната сала. Ова обележје пред извесно време Општина Центар и Руската амбасада го поставија во чест на 75-годишнината од завршувањето на Втората светска војна.

Ова денеска го најави градоначалникот на Општина Центар, кој заедно со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин засадија неколку дрвја во знак на пријателство меѓу двете земји.

„Денеска се наоѓаме на местото позади Универзална сала, во продолжение на улицата „9 мај" каде пред извесно време заедно со амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин, го поставивме спомен обележјето во знак на сеќавање на жртвите и борците кои се бореа за ослободување и на нашата земја и на сите останати земји од фашистичкиот окупатор. Во продолжение на тој настан отпочнуваме една нова активност, а тоа е целосна реконструкција и обнова на паркот кој се наоѓа во непосредна близина на спомен обележјето“, рече Богдановиќ.

Тој најави дека во брзо време ќе започне реконструкцијата и обновата на паркот, а нивен предлог е да се вика „Парк на сеќавањето" со цел, како што вели, и младите генерации да се сеќаваат на жртвите и борбата која ја имаа нашите предци заедно со сите учесници во Народно ослободителната војна.

„На тој начин ќе оддадеме почит, но и ќе оставиме еден спомен на кој луѓето ќе се сеќаваат и ќе знаат се тоа што се дало како жртва за ние денес да живееме слободно“, рече Богдановиќ.

Амбасадорот Баздникин посочи дека „Паркот на сеќавањето" е во чест на сите кои ги дале своите животи во текот на Втората светска војна.

„Важно е сите да ги помниме тие времиња и да бидеме доследни на жртвите кои тие херои и на македонското тло и во Русија, Советски сојуз, ги дале за сите нас за сега да можеме да уживаме во слободата и во мирниот живот“, рече Баздникин.

Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ