Руските дипломати кои се протерани од САД полетаа кон Москва
Објавено во: Свет 01 Јануари, 2017
Руските дипломати кои се протерани од администрацијата на претседателот на САД, Барак Обама со специјален лет го напуштија Вашингтон.
Станува збор за 35 дипломати. Тие денеска полетаа од меѓународниот аеродром „Дулес“ во Вашингтон кон Москва. Администрацијата во заминување на Обама на 29 декември воведе нови санкции против Русија за наводно хакерство во американските политички институции.