РУСКОВСКА ПОТВРДИ: Се води истрага за Ден Дончев
Објавено во: Македонија 15 Мај, 2020
Oбвинителката Вилма Русковска денеска изјави дека се води истрага за поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев.
„Да, се води истрага, а дали е во Македонија, стварно не знам“ – одговори Русковска.
Таа не откри повеќе детали.
Дончев поднесе оставка од позицијата директор на Фондот за здравство на почетокот на мај, од ,како што наведе, здравствени и семејни причини.Тој вели дека оставката планирал да ја даде по изборите кои требаше да се одржат на 12 април, но бидејќи тие не се случија, а најлошото со коронавирусот поминало почувстувувал вистинско време да го стори тоа во овој период.
Името на Дончев се поврзува со две големи афери, едната и доби назив „Рекет 2“. Сопственичката на компанијата „Диамед“ го обвини Дончев дека се обидел да спречи странска инвестиција да влезе во Македонија.
Дончев стана директор во август 2017 година. Тој на парламентарните избори во 2016 г. беше носител на листата во првата изборна единица од коалицијата „ВМРО за Македонија“ и важи за близок до екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски.