15 Мај, 2024
0.0265

SABRE Awards EMEA 2019: Агенцијата Грејлинг ја основи наградата за Public Affairs Consultancy of the Year

Објавено во: Мои пари 29 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Агенцијата Грејлинг е прогласена за побeдник во категоријата Public Affairs Consultancy of the Year на гала настанот  SABRE Awards EMEA 2019, што се одржа во Лондон. Партнер на Грејлинг на македонскиот пазар е агенцијата за односи со јавност Елемент ПР, одговорна за комуникациски услуги во Македонија, Косово и Албанија. Ова партнерство постои и постојано се надградува веќе 8 години.

На меѓународната мрежа со 31 канцеларија во 22 европски земји и е оддадено признание за раст на подрачјето на Односи со јавност ширум Европа и за успех во спроведувањето на мулти-маркет активности за големи меѓународни клиенти.Според жирито предводено од Пол Холмс од платформата Holmes Report, „Грејлинг е една од ретките компании кои можат да обединат посветени експерти од подрачјето на Односи со јавност од секоја земја, за да пружат свое видување на состојбата и услугите. Исто така, Грејлинг успеа да се етаблира како предводник во стратешко размислување во однос на Брегзит, посочувајќи ги ризиците врзани за ланците на набавки на компаниите и нудејќи податоци и анализи на клучните одбори во Обединетото Кралство“.

Односите со јавност е само еден од столбовите на работењето на Грејлинг (агенцијата исто така се занимава и со корпоративна комуникација), меѓутоа, токму на ова подрачје во 2018 година таа направи најсилен исчекор со раст од 15%. Растот е поттикнат од низа нови проекти со клиенти како, Molson Coors, BetStars, Bristol-Myers Squibb, Danone, Environmental Defense Fund i Herbalife Nutrition.

Расел Патен, извршен директор на Грејлинг Брисел и претседател на Европски односи со јавност изјави: „Ова е престижна награда и тимовите на Грејлинг ширум континентална Европа многу се горди на ова достигнување. Бидејќи политичките и регулаторните околности стануваат се попредизвикувачки за многу компании, расте побарувачката за советување на подрачјето на Односи со јавност. Од перспективата на Брисел, најголем фокус беше насочен кон несигурноста предизвикана од Брегзит, меѓутоа, се очекува дека ЕУ изборите уште повеќе ќе го протресат изгледот на политичката сцена на ЕУ“.

Јан Симунек, извршен директор на Грејлинг за континентална Европа додаде: „Односите со јавност се стратешки приоритет за агенцијата Грејлинг во Европа веќе неколку години. Развивме разновидна понуда за клиентите која ја темелевме на знаењето и искуството на повеќе од сто извонредни консултанти во делот на Односи со јавност во целиот регион – од Мадрид до Москва“.

Кампањата за стратешко советување за уметноста и брендовите исто така наградена

Грејлинг Русија исто така доби награда 2019 IN2SABRE Award EMEA CERTIFICATE OF EXCELLENCE во категоријата PR Agency Marketing. За да се нагласат клучните фактори за успешна соработка меѓу корпоративните и културните институции, Грејлинг објави два исцрпни извештаи: „Музеи на раскрсница: улога на корпоративните партнерства“(2019) и „Бренодови и уметност:Да се направат функционални креативните партнерства“ (2017). Авторот на двата извештаи, Анастасија Елаева од Грејлин Москва, редовно добива покани за одржување предавања на темата за  креативни партнерства, како оние на Британската висока школа за уметност и дизајн во Москва и на следната меѓународна конференција “Културни институции и собирање средства“ која ќе се одржи идниот месец во Виена.

Листата на проекти и кампањи кои влегоа во потесен избор за 2019 EMEA SABRE Awards вклучува супериорни достигнувања на подрачјето на брендинг, управување со корпоративниот углед и односи со јавност. Кампањите ги оценува жири составен од лидери во индустријата, а домаќинот на доделувањето е водечката платформа за вести од ПР индустријата, Holmes Report.


Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти