26 Април, 2024
0.0294

САД и Кина почнаа да тестираат лек против коронавирус врз луѓе

Објавено во: Свет 27 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Засега не постои лек или вакцина против коронавирус со кој во последните неколку месеци се заразиле околу 80 000 луѓе, а починале повеќе од 2700, но повеќе земји забрзано работат на анализи и тестирања со можни медикаменти.

Две земји, САД и Кина која е најзагрозена во моментов, веќе почнаа со клинички тестови на луѓе, во напредна фаза на тестирање. Ја испитуваат дејноста на антивирусниот лек ремдесивир кој порано се користеше при лекување на ебола.

Тестирање на заразени

Во Америка тестирањето започнало во вторникот, а го спроведува Медицинскиот центар при Универзитетот во Небраска. Секој испитаник ќе прими 200 милиграми ремдесивир при запишување во студијата. Потоа во следните десет дена ќе добие уште 100 милиграми. Контролната група ќе прима плацебо, раствор кој потсетува на ремедивир, но содржи само неактивни состојки, јавува Си-Ен-Ен.

Првиот учесник во тестот во САД е американски државјанин, кој беше евакуиран од крузерот „Diamond Princess“.

Што се однесува до Кина, „Gilead Science“, компанија која произведува ремдесивир, потврди дека соработува со кинеските здравствени експерти и дека лекот поминува низ две клинички тестирања врз пациенти заразени со коронавирус.

„Се спроведуваат два вида клинички испитувања: едниот на пациенти со сериозни симптоми, а другиот кај пациенти со умерени симптоми. Очекуваме резултати во април“, рекле од „Gilead Science“.

Се тестира и друг лек

Американската компанија Moderna Inc. која се занимава со производство на лекови исто така неодамна ја испорача својата прва серија вакцини против коронавирусот до надлежните американски здравствени агенции за да може да се сврти кон тестирање на луѓе.

Moderna Inc. во понеделникот испратила примероци до Националниот институт за алергии и заразни болести и очекува првите кличнички испитувања на луѓе да почне кон крајот на април. Прелиминарни резултати би можеле да бидат достапни во јули или август.

Технологија базирана на mRNA

Компанијата користела технологија mRNA (RNK) , што е прилично ветувачки затоа што вакцините за mRNA се хипотетички побрзи и поефективни од оние што се засноваат на ДНК.

Причината е што вакцините засновани врз ДНК треба да комуницираат со клеточното јадро, додека mRNA се наоѓа низ целата клетка и затоа е многу подостапна.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек