01 Мај, 2024
0.0267

САД и Русија остануваат на различни позиции за Сирија

Објавено во: Свет 24 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

САД и Русија не успеаја да се договорат за спроведување на договореното примирје од самите нив во Сирија.

Во рамките на дипломатските пресметки за време на годишната сесија на Генералното собрание на ОН двете страни се согласија дека нивните разговори треба да продолжат, но само толку.

Државниот секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се подготвуваат да заминат од Њујорк, што покажува дека земјите остануваат поделени во своите позиции. „Без откажување од филозофијата на ексклузивност и седозволеноста е наивно да се потпираме на успех во решавањето на ваквите глобални задачи како борбата против меѓународниот тероризам, пролиферацијата на оружјето за масовно уништување, други закани од прекуграничен карактер“, истакна Сергеј Лавров. 

Според него „ во борбата против тероризмот не треба да има место за двојни стандарди. Тука се бара навистина универзално обединување на напорите за формирање на широк антитерористички фронт. Трагедијата на Ирак, Либија, Јемен, Сирија убедуваат во потребата да се прекинат конјуктурните обиди за користење на екстремистите за наметнување на геополитички замисли. 

Додека не е доцна, треба да се загрижени за спротивставување против ширењето на терористичката и екстремистичка идеологија која буквално ги зема младите како заложник во различни делови на светот. 

„Ние ја подготвуваме резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, повикана да ги мобилизира напорите во борбата против оваа зараза и се потпираме на вашата поддршка“, истакнува рускиот министер. 

Тој потсети дека барањата за оставка на сирискиот претседател Башар Асад, за да стапи во сила прекин на огнот, како што инсистираат некои сириски групи, е прекршување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и инсистираше да се почитува резолуцијата, а не да се задоволуваат каприците на некои земји во преговорите. 

Владата на Сирија ги исполни обврските по примирјето, но опозицијата не се помести ниту грам, посочи тој. 

Сергеј Лавров ги критикуваше како неубедливи обидите да се поврзе разграничувањето на опозицијата од терористите со забраната за летови на владината авијација

Рускиот министер инсистираше уште да се обезбеди пристап до местото каде што неодамна беше нанесен воздушен напад врз хуманитарен конвој крај Алепо. 

„Комплицирано е да се каже што оружје било користено - авиобомба или артилериски гранати. Треба да се најдат остатоците од муниција. Ги замолив колегите да обезбедат пристап до местото, за да започне чесно, отворено истрагата. Државниот секретар на САД, исто така, изјави дека сакаат да извршат истрага“, појасни Сергеј Лавров.

На прес-конференцијата подоцна шефот на руската дипломатија истакна дека САД признаваат дека групата „Исламска држава“ е поголема закана од зачувување на власта на Башар Асад. 

Тој исто така тврдеше Русија и САД разменуваат разузнавачки податоци за позициите на терористичката група „Джебхат ан Нусра“во Сирија. Лавров истакна дека Русија е подготвена да обезбеди релевантни информации и смета дека усогласувањето не треба да трае долго време.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа