20 Декември, 2025
0.0506

САД: Извештај за најдобрата и најлоша професија на годината

Објавено во: Свет 24 Април, 2013 12:50

Добивај вести на Viber

Американската компанија за планирање кариери Кариер Каст го објави извештајот за 2013 година за годишното истражување на најдобрата и најлошата професија во земјата. Американската компанија за планирање кариери Кариер Каст го објави извештајот за 2013 година за годишното истражување на најдобрата и најлошата професија во земјата. Според овој извештај најдобра професија  е статистичар во Завод за осигурувавање, додека најлоша, од аспект на плата и ризици, е новинарството во печатените медиуми. Станува збор за 25-тиот ваков годишен извештај кој е заснован врз истражување базирани на податоци собрани од јавните и цивилни претставништва на работници, професионални комори и различни анкетни истражувања во САД. Во извештајот се наведува дека, според критериумите работна средина, месечни примања, општествен углед и стрес, за 2013 година најдобра професија во САД е статистичар во Завод за осигурување, кој во просек добива по 91 илјада долари годишно. Второ е биомедицински инжењер со годишно примање од 85 илјади долари, додека на трето место е софтверски инжинер, кој во просек заработува по 89 илјади долари годишно. Истражувањето покажа дека оваа година најлоша професија во САД се новинар во печатени медиуми, дрвосечач, работник на нафтени сонди, поштар разнесувач, хостеса, млекар и други. За најлошо е оценето новинарството во печатените медиуми, кое освен ризикот на работа го карактеризира и лошата репутација во општеството, а годишните примања изнесуваат нешто повеќе од 35 илјади долари.  

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот