САД ќе стави крај на лотаријата со зелени карти?
Објавено во: Свет 26 Април, 2013 13:23
САД размислуваат да и стават крај на лотаријата со зелените карти. Од 2017 година властите може да издаваат дозволи за престој врз основа на систем на добиени бодови, кој им овозможува на најквалификуваните да бидат оценети највиско и да ги избегнат долгите редови на чекање.
Доколку сте странски компјутерски експерт со добро познавање на англискиот јазик, живеете во САД со редовна виза, но немате постојат работен однос, тогаш новиот систем може да претставува поволност за вас, јави БТА.
Станува збор за проект за реформа, за кој се дискутира во американскиот Конгрес и може да биде одобрен ова лето.
Десет критериуми ќе бидат земени предвид при одобрувањето на дозвола за престој врз база на системот на бодување.
Дипломата за завршени студии носи пет поени, магистратурата десет поени, а докторатот 15 поени. За секоја година професионално искуство се даваат до три поени, а во зависност од нивото на професионалното искуство може да се добијат максимално 20 бода.
Доколку сте програмер, комјутерски експерт, изработувач на софтверски производи, тоа гарантира десет поени. Ако имате 80 или над 80 поени на тестот ТОЕФЛ, добивате десет поени. Доколку вашата работа соодветствува со вашето образование, добивате меѓу осум и десет поени.
Лицата, под 25 години добиваат осум поени, тие меѓу 25 и 32 години шест поени, а оние меѓу 33 и 37 години четири поени. Лицата над 38 години не добивата поени за возраст.
Бизнисмените, кои имаат најмалку двајца вработени, добиваат десет поени.
За лице со брат или сестра со американско државјанство или со дете, кое е во брак во САД, а кое е над 31 година предвидени се десет поени.
Пет поени се доделуваат за лица од земји, од кои не е регистриран прилив на имигранти во САД.
На теоретско знаење максимално можат да се освојат сто поени.
Од 2017 година ќе бидат доделувани 120 илјади зелени карти врз основа на различни критериуми.
Доколку вашиот резултат врз основа на системот на бодување е меѓу најдобрите 60 илјади кандидати, сигурно е дека ќе добиете зелена карта.
Втората група од 60 илјади зелени карти ќе се доделуваат според критериуми, кои ги фаворизираат послабо квалифицираните имигранти во сектори како градежништво или угостителство.
Новиот систем ќе стапи во сила од октомври 2017 година, доколку ова лето биде усвоен законот.
- Во моментов доколку сте учеле само четири години или ако вашиот работодавач не сака да ве спонзорира, вие сте притеснети, изјави американскиот адвокат Грегори Сискинд, специјализиран за имиграциони процедури.
Системот на бодување ви овозможува повеќе да не зависите од работодавачите, кога барате зелена карта и за повеќемина оваа новина ќе претставува синоним за слободата.
Досега секоја година се организираше лотарија за 55 илјади зелени карти, но републиканците сепак се обидоа да го укинат тој систем, кој не прави разлика меѓу квалификуваните и неквалификуваните имигранти.
Можеби ќе ве интересира
Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот




