САД НЕМА ДА БИДЕ ЕДИНСТВЕНА КОЈА ЗАБРАНУВА ВЛЕЗ ЗА БЕГАЛЦИ: Трамп доби поддршка од уште една сила!
Објавено во: Свет 30 Јануари, 2017
Голем број светски лидери и јавни личности ја осудија одлуката на Доналд Трамп да ја забрани имиграцијата од седум муслимански земји.
Трамп во петокот потпиша наредба со која на 90 дена се забранува влез во САД на граѓани на седум држави, а таа одлука предизвика бура на протести ширум САД и негодување ширум планетата.
Меѓутоа иако осудите стигнаа прво од американските сојузници, како Велика Британија, Германија, Франција и Канада, има и такви кои всушност ја поддржуваат одлуката на Трамп.
„Витално е дека секоја нација има контрола над тим кој им ја преминува границата. Зборував со претседателот Трамп околу важноста на безбедноста на границата и заканите од илегална и нерегуларна имиграција“, рекол премиерот на Австралија Малко, Турнбул.
Австралија така станала и првата држава која застана на страната на Трамп, иако многумина европски десничари исто така ја поддржаа оваа одлука.
Холанѓанецот Герт Вилдерс, на Твитер ја поддржа одлуката на Трамп.
Иако е огромен бројот на политичари и добар дел на јавноста кои го осудија Трамп, не е исклучена ситуацијата уште некои држави да почнат да го следат овој пример а Австралија дефинитвно би можела да стане една од нив.