08 Мај, 2024
0.0422

Саемот за мебел и официјално откажан: Нема каде да се одржуваат и сите идни манифестации

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Скопски саем го откажа годишнешниот Саем за мебел. Организаторот денеска ги известил фирмите кои се пријавиле како изложувачи на саемот дека манифестацијата нема да се одржи, дознава „Фактор“. Овој епилог следувал по месечни „натегања“, но откако било договорено саемот да биде на старото место односно на локацијата на Скопски саем, фирмите почнале со интензивни подготовки. Се пријавиле, нарачале мебел, закупиле рекламен простор – сега бројат загуби. Во известувањето до фирмите изложувачи дури се тврди дека е неизвесно одржувањето и на сите идни саемски манифестации во Скопје. Проблемот со организацијата на саемските манифестации на старата локација на Скопски саем настана откако во јули лани имаше промени во сопственичката структура на Скопски саем. Од октомври, минатата година пак сопственик на локацијата каде се одржуваа саемите е албанската корпорација „Балфин груп“, со кои сега требаше да се склучи договорот за одржување на манифестацијата.

СЕ ОТКАЖУВА ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ

Во известувањето од фирмата која го организира Саемот за мебел кој годинава беше закажан за терминот од 27 март до 1 април стои дека и покрај напорите, тие не успеале да се договорот за сите услови со новите сопственици на локацијата.

„Ве информираме дека и покрај сите напори договорот кој ни беше понуден за закуп на деловен простор од новите сопственици на локацијата Скопски саем не гарантира успешна организација на саемот, ниту ваше успешно претставување и успешни деловни контакти, пишува во известувањето.

Но, оттаму додаваат дека на таа локација не може да се одржи ниту една друга саемска манифестација од тие што ги прави Скопски саем.

Оставаат простор до стартот на саемот да се најде друга локација, но роковите течат и тоа најверојатно нема да се случи.

ШТЕТИ ЗА ИЗЛОЖУВАЧИТЕ

Од фирмите производители  на мебел се непријатно изненадени од денешното известување. Велат дека ќе имаат значајна штета.

„Имаше во претходниот период различни информации дали ќе има или нема да има саем годинава и за тоа каде ќе биде. Откако не известија дека ќе се одржи на старата локација, сите фирми кои се пријавивме почнавме подготовки. Мебелот, знаете, се прави од 45 до 60 дена па секако се што ќе беше изложено веќе е нарачано. Некои фирми се увозници па мебелот го нарачале за да стаса на време. И тие се во загуба. Дел од фирмите имаат партнери од странство, резервирани се хотели, авиони. Речиси сите резервиравме и реклами, но сега се пропаѓа во последен момент, вели за „Фактор“ сопственик на еден од поголемите салони за мебел во Македонија.

Саемот за мебел е еден од најпосетуваните саеми затоа што фирмите изложуваат и продаваат мебел со поволни цени. Во последните години има многу купувачи и од повеќето земји од регионот.

Првиот проблем за одржување на саемите излезе кога беше Технома, во октомври лани, но тој саем се одржа во хали на Конгресниот центар Борис Трајковски. На отворањето, директорот на Скопски саем Дејан Кошутиќ изјави дека тие ќе продолжат да организираат саеми и дека таа активност нема да запре. Тогаш самиот потврди и дека албанската корпорација „Балфин груп“ купила 155.000 квадратни метри земјиште во близина на локацијата на саемот и дека оваа фирма е сопственик на просторот. 

Можеби ќе ве интересира

СКОПЈАНИ МАСОВНО ИЗЛЕГОА НА ГЛАСАЊЕ - Карпош, Аеродром и Кисела Вода се лидери, најслаби се Сарај

СКОПЈАНИ МАСОВНО ИЗЛЕГОА НА ГЛАСАЊЕ - Карпош, Аеродром и Кисела Вода се лидери, најслаби се Сарај

Таравари гласал на претседателските избори

Таравари гласал на претседателските избори

Европскиот фронт вечерва ќе биде сведок на историската победа на овој сенароден референдум, еве го ставот на ДУИ по изборите

Европскиот фронт вечерва ќе биде сведок на историската победа на овој сенароден референдум, еве го ставот на ДУИ по изборите

МАКЕДОНИЈА ДЕФИНИТИВНО ИМА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Цензусот остварен, до 18.30 е 46,37 отсто

МАКЕДОНИЈА ДЕФИНИТИВНО ИМА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Цензусот остварен, до 18.30 е 46,37 отсто

ПЕНДАРОВСКИ: Македонија и нејзините граѓани покажаа демократска зрелост

ПЕНДАРОВСКИ: Македонија и нејзините граѓани покажаа демократска зрелост

„НЕ ИМ УСПЕА ПЛАНОТ НА ДУИ ЗА БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА ПРЕТСЕДАТЕЛ“: Еве што рече Муцунски на првата прес конференција

„НЕ ИМ УСПЕА ПЛАНОТ НА ДУИ ЗА БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА ПРЕТСЕДАТЕЛ“: Еве што рече Муцунски на првата прес конференција

КУЗЕСКА ЗА БОЈКОТОТ: Секоја партија треба да одговара пред себе и граѓаните за одлуките што ги донела

КУЗЕСКА ЗА БОЈКОТОТ: Секоја партија треба да одговара пред себе и граѓаните за одлуките што ги донела

До 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 отсто од гласачите, на парламентарните 46,93 проценти

До 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 отсто од гласачите, на парламентарните 46,93 проценти

ПЕТ ЛИЦА ОД АЛБАНИЈА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ - несреќата се случила утрово во близина на Радожда

ПЕТ ЛИЦА ОД АЛБАНИЈА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ - несреќата се случила утрово во близина на Радожда