03 Мај, 2024
0.0297

Сакавме да живееме во убава православна земја, велат Украинци кои мирот го најдоа во Македонија

Објавено во: Македонија 23 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Две семејства кои избегаа од Украина се сместија во Охрид и Струга. 

Семејството Орлоскаја со своите пет деца, со нив ја земале и ќерката на нивен пријател, и сега се во Струга. Сместени се во хотел, каде престојуваат бесплатно, и велат дека засега  имаат финансии за живот, но бараат  вегетаријанска храна, облека и пелени за бебето.

„Сакавме да живееме во православна земја, во убава земја со убава природа“, вели ова семејство.

Македонија им се допаднала во минатогодишната туристичка посета на регионот, Албанија, Бугарија, Романија, Црна Гора. 

„Во Запорожје имаме куќа, која ја градевме пет години и бизнис, кој го развивавме осум години. Домот ни е блиску до аеродромот и касарната поради што постојано слушавме пукотници и експлозии. Трпевме долго, но повеќе не можевме да издржиме“, вели Владимир Орловскаја.

Слична приказна има и семејството Косиченко од Полтава, кое раскажува дека на почетокот на војната поради бомбардирањето на Харков, кое било 100-тина километри од нивниот дом, спиеле во ходникот плашејќи се поради експлозиите. Прво пребегале во Полска, но поради висината на кириите на становите одлучиле да ја напуштат и сега се сместени во Охрид.

foto Wikipedia

Можеби ќе ве интересира

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината