18 Мај, 2024
0.6977

САМИТ100 – СОБИР НА БИЗНИС ЛИДЕРИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ВО БЕЛГРАД

Објавено во: Мои пари 10 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

По седум години Република Србија повторно ќе биде домаќин на големиот настан за бизнис лидери - САМИТ100. На 1 и 2 октомври, во хотелот " Hyatt Regency " во Белград ќе се соберат на регионален состанок над 200 бизнис лидери и врвни политички претставници од земјите во Југоисточна Европа. Централната тема на САМИТ100 2018 ќе биде дигиталната трансформација т.е. како, искористувајќи го потенцијалот на 4-тата Индустриска револуција,  да се направи "квантен" скок кон развиен и глобално конкурентен регион.

Регионалниот состанок САМИТ100 на бизнис лидери е прв и единствен собир од ваков вид во регионот и е замислен како платформа за економска поврзаност и конкретен придонес на бизнис лидерите во политичките напори насочени кон подобрување на економската соработка и конкурентноста на регионот. Намерата на организаторот е, поврзувајќи ги бизнис лидерите и државниците, да ги отвори перспективите за зајакнување на конкурентноста на националните економии како и конкурентскиот потенцијал на цела Југоисточна Европа, а со тоа да овозможи зголемување на квалитетот на животот во регионот.

Иницијатор за овој собир е Српската асоцијација на менаџери во соработка со Здружението на менаџери од Словенија, Хрватската асоцијација на работодавачи, Фондацијата Атлас од Црна Гора, Алкалоид АД од Македонија, ББИ Банка и АСА Холдинг од Босна и Херцеговина. Годинава во Белград ќе се соберат повеќе од 200 учесници - водечки бизнисмени од регионот, премиери и шефови на држави од регионот, министри, како и високи претставници на меѓународни институции, партнерски организации и медиуми.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата