САМО ЧЕТВОРИЦА ИМАЛЕ ЛЕСНИ НУС ПОЈАВИ ОД ВАКЦИНАТА И ВЕДНАШ СЕ ОПОРАВИЛЕ - искуство од Бугарија
Објавено во: Балкан 05 Јануари, 2021
Четворица бугарски државјани пројавиле лесни до умерени нуспојави по вакцинацијата со доза од Фајзер/Бионтек, соопшти денеска директорот на бугарската Агенција за лекови, Богдан Кирилов.
Вакцинацијата во Бугарија почна на 27 декември. Досега вакцинирани се речиси 5.000 граѓани.
„Несаканите ефекти се движат од лесни до умерени. Луѓето кои имаа несакани ефекти се опоравија“, нагласи Кирилов.
Според него, несаканите ефекти вклучуваат два случаи на болка, еден случај на вртоглавица и повишена температурата.
Бугарија вчера ја доби втората испорака на вакцината од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ од 25.000 дози.