05 Мај, 2024
0.0278

Самсоненко: Ќе ја водам правдата за хотелот на плоштад и покрај тоа што сакаат да ми го земат

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Рускиот бизнисмен и почесен конзул Сергеј Самосоненко, обвинува  дека  се обидуваат да ми го земат хотелот на плоштад.

Тој се обрати со писмо до медиумите во кое објаснува за што станува збор. 

„Мојот труд и инвестиции не се само во афирмација на спортот, туку и во инвестирање и изградбата на значајни објекти. Посветено работам да создадам нешто вредно, не само за себе, туку и за сите вас во оваа држава. За жал, дојде моментот кога се соочив со непријатни случувања и луѓе, кои се обидуваат да го оспорат и негираат моето работење и труд кои резултирале со успех. Чувствувам одговорност и потреба да ви се обратам на сите вас, од кои несебично сум ја добивал поддршката сите овие години. На јавноста, на граѓаните, на медиумите им е познато дека добиено договор за изградба на објект на плоштадот во центарот на Скопје, објект во кој долго време вложувам труд и средства. Договорот беше добиен на најтранспарентен начин, со исплаќање на сите веќе доспеани долгови, кои без создадени пред јас да го превземам објектот. Инвестицијата којашто јас со огромна волја и  љубов ја правев во спортот, доведе до одредено доцнење во плаќањата кон доверителите кои учествуваа во изградбата, но благодарен сум за нивното разбирање, бидејќи доведе до заедничко, брзо решавање на овој проблем. За жал, само еден од соработниците немаше разбирање за ситуацијата и презеде низа активности кои предизвикаа кај мене сомнение за неговите намери. Од сегашниот аспект тоа се докажа и потврди“, пишува Самсоненко во изјава до медиумите. 

Но, сепак додава дека верува во правдата, институциите и дека на крајот исходот ќе биде позитивен за него. 

Случајот со изградбата на хотел Мериот-Градска куќа-Офицерски дом на Плоштадот во Скопје  е пријавен во МВР и во други надлежни институции.

Се смета дека ова не е случајно, и дека не може да се организира без спрега на други субјекти. 

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца