08 Мај, 2024
0.0232

Samsung го претстави ClimateHub, своето прво интегрирано решение за греење и довод на топла вода

Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

ClimateHub е новото интегрирано решение на компанијата Samsung за греење и снабдување со топла вода во домаќинствата. Преку лесна монтажа, едноставно движење, бесшумна работа и паметно поврзување, Samsung има за цел да ги направи домовите повеќе практични за инсталатерите и повеќе комфорни за крајните корисници.

Samsung ClimateHub е исклучително функционален систем на климатизација. Тој се состои од реверзибилна топлотна пумпа со средство за ладење R32, вграден резервоар за топла вода со волумен од 200 или 260 литри и нов регулатор кој е осетлив на допир, кој воедно овозможува и контрола на температурата. Системот е достапен во Mono и Split верзии.

Mono и Split системи

ClimateHub Mono конфигурацијата има надворешна хидро единица, која ја олеснува монтажата и нема потреба од лиценца за F-гас. Овој систем е достапен во повеќе опции кога е во прашање капацитетот, тие варираат од монофазни варијанти од 5-8-12-16kV, до оние со трофазен капацитет од 8-12-16kV. Кога е во прашање Split системот, надворешната единица е со резервоар поврзан со цевки од разладните средства и овој модел е достапен во 4-6-9 kW (монофазни) и 9kW (трофазни) варијации. Двата системи можат да се поврзат на Smart Grid режим, овозможувајќи максимално искористување на предностите, односно економично и одржливо снабдување со електрична енергија. ClimateHub може да се поврзе и на соларен погон, штедејќи на трошењето енергија преку обновливи ресурси. Поради високиот степен на енергетска ефикасност и Mono и Split системите доаѓаат со А+++ ознака за просечна сезонска ефикасност на греење на просторот, врз основа на излезна температура на водата од 35°C.


Хидро единица со вграден резервоар

Хидро единицата на Samsung ClimateHub системот доаѓа со вграден резервоар и е дизајнирана до најситните детали. Достапна во опција од 200 или 260 литри, единицата подразбира повеќе типови на монтажа и се вклопува во различни објекти, од мали станови до големи куќи. Помошниот грејач е постојано вклучен, за греењето да е константно.

Речиси бесшумна работа

Денешните клима уреди мора да ги исполнуваат сите услови за работа во однос на интензитетот на бучава. Тивкиот 4-Step режим на ClimateHub системот на своите корисници им овозможува намалување на бучавата на неверојатни 35 dB(A)[1].

Едноставна инсталација и сервисирање

Хидро единицата со вграден резервоар е со компактна големина (595 x 700 mm) и се карактеризира со модуларен дизајн, што овозможува едноставна монтажа. Поради интуитивното сервисирање, движењето и одржувањето може да се направи со минимални напори, употребувајќи Micro SD картица или Samsung S-Checker мобилната апликација.

Паметно поврзување

Со ClimateHub системот, компанијата Samsung го претстави и новиот регулатор со повеќекратни јазични опции и живописниот приказ на бои, осетлив на допир. Регулаторот е задолжен за подесување на температурата по зони, поставување во летно време, следење на потрошувачката на енергија, како и евентуалните грешки. Со употреба на опционалниот Wi-Fi пакет, различните аспекти од системот можат да се контролираат преку Samsung SmartThings апликацијата[2] на паметните телефони, овозможувајќи поврзување со останатите куќни апарати и електроника.



[1] 35dB(A) се достапни со Split единиците од 6kW и 9kW на температури повисоки од +4°C. Нивото на звучниот притисок е релативен и зависи од растојанието од акустичната околина и варира во однос на условите.

[2]Достапна на Anroid и iPhone уреди.Интернет поврзувањето е неопходно, како и налогот на Samsung апликацијата.


Можеби ќе ве интересира

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“