Добивај вести на Viber
Амди Бајрам, долгогодишниот пратеник и лидер на Сојузот на Ромите, своевремено беше најзаслужен што ја запозна јавноста со изгледот на Сашо Мијалков откако го покани на Ромскиот бал како тогашен директор на УБК заедно со тогашниот премиер Никола Груевски.
На денот кога Бајрам почина, Мијалков се потсети на тој настан и објави фотографија.
„Драг пријателе, Беше легенда 102,3%! Со својата појава и уникатно однесување ке останеш долго запаметен на јавната сцена.Ромите загубија човек на кого можеа да се потпрат и да побараат помош, а ние загубивме драг пријател и соработник.
Сочуство до твоите најблиски.
Почивај во мир легендо !“, напиша Мијалков на Фејсбук.