05 Мај, 2024
0.0357

СДСМ: Ако сака и ВМРО-ДПМНЕ може да го објави повикот за попишувачи

Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Откако СДСМ го сподели јавниот конкурс за ангажирање 5.055 реонски попишувачи и 506 реонски инструктори, кои ќе учествуваат во спроведувањето на пописот, на своите фан-пејџови на социјалните мрежи, го повикаа и ВМРО-ДПМНЕ да го стори истотото.
„Ги повикуваме сите граѓани, сите заедници, сите партии и секој заинтересиран за подобра македонска иднина, сите да се вклучат во споделување на повикот за попишувачи објавен од Државниот завод за статистика. Потребни се попишувачи кои ќе се пријават на јавен, отворен, транспарентен и државен повик.

Ги повикуваме и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го споделат овој повик и сите следни повици поврзани со пописот. Конечно, Мицкоски и ДПМНЕ да се откажат од блокадите, да ги повикаат граѓаните да се попишат, наместо да коваат планови за бојкот за кои и самите знаат дека нема да им успеат.

Огласот е државен, секој има право да се пријави, секој може и треба да го промовира“, реагира СДСМ.
Претходно ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски оваа иницијатива ја оценија како контроверзна и скандалозна.

„Во која друга држава партиски војници спроведуваат државен попис?

Најдобар доказ дека не е статистичка, туку политичка операција пописот. Партиски оглас за државни попишувачи. Срам и беда. Од месечината се гледа дека овој попис на власта е фалсификат. Затоа, стоп за овој фалсификат попис!“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Државниот завод за статистика во вторникот го објави јавниот конкурс за ангажирање 5.055 реонски попишувачи и 506 реонски инструктори, кои ќе учествуваат во спроведувањето на пописот и кои во текот на март ќе бидат обучени за пополнување на апликацијата за попис, од страна на 150 државни инструктори, кои први ќе поминат низ обука наредната недела.

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца