СДСМ: Иванов има должност пред Уставот и граѓаните, а не партијата
Објавено во: Македонија 15 Март, 2018
СДСМ го предупредуваат претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да се вразуми и да ја прекине политиката на поделби и раздор и дека тој не може да биде над уставот со тоа што нема да го потпише указот за Законот за употреба на јазиците.
„Ѓорге Иванов се обидува да се стави над Уставот на Република Македонија и делува како остаток на поразениот режим.„Иванов е должен да постапува по членот 75 од Уставот на Република Македонија во кој е јасно наведено дека доколку претседателот не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот“, нагласуваат од владејачката партија.
Од СДСМ истакнуваат дека Иванов е на должност пред граѓаните и законите, а не пред партијата.
„Со непотпишување на Указот, Иванов го крши Уставот на Република Македонија и работи спротивно на европските вредности и концептот ‘Едно општество за сите’, што беше силно поддржан од граѓаните на последните изборни циклуси“, се наведува во соопштението.
Од владејачката партија исто така додаваат дека законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5 кои се донесени пред 17 години и со неговото усвојување не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите