07 Мај, 2024
0.0267

СДСМ: Николоски примил мито за да каже дека во Азербејџан изборите биле фер и демократски

Објавено во: Македонија 06 Април, 2021

Добивај вести на Viber


СДСМ денеска објави наводи според кои потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, е дел од огромен коруптивен скандал со дел од пратениците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и нивното политичко делување во Азербејџан.

За да се квалификуваат изборите во Азербејџан како фер и демократски, дел од пратениците добивале пари, накит, скапи теписи, ноќевања во луксузни хотели во Баку и Инстанбул и што ли уште не, велат од СДСМ, од каде тврдат и дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ бил дел од таа група.

„Ова особено за пратениците кои биле дел од набљудувачката мисија на изборите во Азербејџан во 2013 и 2015 година, како и на референдумот од 2016 година. Дел од таа мисија, а во еден наврат и шеф на мисијата бил и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Токму потпретседателот на Христијан Мицкоски бил меѓу оние кои процесите ги именувале како фер и демократски.

Александар Николоски велел се е во ред, иако според реномирани меѓународни организации и институции тие биле квалификувани како нелегитимни и репресивни. Ова почитувани е тежок меѓународен скандал каде директно е вмешан Александар Николоски. Затоа Александар Николоски, потпретседателот на Христијан Мицкоски и негова лева рака, треба да излезе пред јавноста и да се произнесе за овие тврдења“, објави Костадин Костадинов од СДСМ.
Николоски ова пак денеска го прокоментира како „смешна работа и клсична монтировка“ и дека ќе започне со размислување да возврати со тужба за клевета.
- Очигледно овој мој фер однос се злоупотребува. Јас бев потпретседател на тоа собрание, највисока функција која кој било пратеник од Македонија некогаш ја имал. До сега сум бил во само една мисија во Азербејџан кога имаа референдум во 2016, ситуацијата беше специфична, но тоа не беше мој извештај, туку на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Се друго се измислени ситуации и инсинуации, рече Николоски.

Со ова, вели Николоски, СДСМ навредува врвни европски политичари и го валкаат угледот на Македонија, а него сакаат да го дискредитираат затоа што имал одложено рочиште против премиерот Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд