29 Април, 2024
0.0281

СДСМ: Вељаноски и Иванов не смеат да ги штитат криминалните платформи на Груевски

Објавено во: Македонија 21 Април, 2017

Добивај вести на Viber

СДСМ ги предупредија Иванов и Вељаноски дека блокирањето на државните институции има висока цена за граѓаните и за тоа тие треба да поднесат одговорност.

„Институциите, пратениците и политичките партии имаат обврска да ја спроведат мнозинската волја на граѓаните кои на 11 декември јасно се изјаснија за промени, велат од СДСМ и дополнуваат дека блокадите во Собранието, поттикнувањето тензии меѓу граѓаните и насилства што водат кон целосна парализа на државата е погазување на Уставот и на правото во Македонија и загрозување на стабилноста“, смета СДСМ.

„Тоа се сериозни дела против државните интереси и секоја институција и поединец треба да знае дека повлекува сериозна одговорност! Вељаноски и Иванов не смеат да ги штитат криминалните платформи на Никола Груевски и на раковоството на ВМРО-ДПМНЕ кои се обидуваат да си ги спасат личните богатства и интереси, на сметка на интересите на граѓаните и фирмите на кои им е загрозена егзистенцијата и тешко примаат плати. Ситуацијата дополнително ќе се влоши кога ќе престанат сите ингеренции на градоначалниците и советите во општините, нови локални избори не може да се закажат без нов собраниски преседател и тоа ќе значи блокада на целиот државниот систем. Затоа државата мора без одложување да профункционира! Демократските процеси е неоходно да продолжат“, велат од СДСМ.

Од оваа партија инсистираат дека во Македонија има легитимно парламентарно мнозинство од 67 пратеници зад кое застанале околу 700.000 граѓани.

„Тоа мнозинство е дожно да избере легитимен претседател на Собранието согласно Уставот и Деловникот и да ја формира нова реформска Влада на граѓаните, што е јасно за целата домашна и меѓународна јавност. Само новата Влада може ја заштити унитарноста на Македонија, да обезбеди правда и квалитетен живот за сите наспроти поделбите, изолацијата и економскиот крах и загрозувањето на мирот, кон што водат активностите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Промените се неизбежни. Македонија ќе биде модерна демократска европска држава, водена од одговорни личности и институции“, порачуваат од СДСМ.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“