07 Мај, 2024
0.0244

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да најде сила за опозиција, наместо да лаже за интересите на Груевски

Објавено во: Македонија 06 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Залудни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за изборот на Талат Џафери за нов собраниски спикер кога и самите се свесни дека треба да одат во опозиција, смета СДСМ и во нивната реакција посочува дека демократските процеси во Македонија се одвиваат согласно Уставот, законите и Деловникот. Доказ за тоа е и што меѓународната јавност го поздравила именувањето на новиот собраниски претседател.

– Сите сега ја очекуваат новата реформска Влада на граѓаните на Македонија којашто е државен приоритет. ВМРО ДПМНЕ мора да најде сила да биде конструктивна опозиција којашто ќе ги поддржи реформските процеси, наместо да продолжуваат со лагите за личните интереси на Никола Груевски, стои во соопштението.

СДСМ потсетува на случувањата во Собранието од 27 април потенцирајќи дека тие не смеат да се повторат.

– Сите поттикнувања на омраза, тензии и насилни активности се тешки противуставни кривични дела за коишто законски се одговара, се наведува во соопштението како реакција на прес-конференцијата на Драган Данев.


Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта