Добивај вести на Viber
Социјалдемократскиот сојуз соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ поднело 500 амандмани за блокирање на Законот за здравствена заштита со кој треба да се регулира одењето на лекарите во пензија и можноста да го продолжат работниот век до 67 години.
„Опозицијата во Собранието предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку неодговорно и незрело однесување работи на штета на интересите на граѓаните и државата.
Во време на пандемија, ВМРО-ДПМНЕ со над 500 амандмани се обидува да ги блокира измените во Законот за здравствена заштита, кои предвидуваат лекарите што ја исполниле старосната граница за пензионирање да можат да го продолжат работниот век до возраст од 67 години“, објави СДСМ.
Владеачката ја обвинува опозициската партија дека меѓудругото организира протести со групирање за спас на фотелјата на лидерот Христијан Мицкоски.