03 Мај, 2024
0.0281

СЕ БАРААТ НОВИ ЧЛЕНОВИ ЗА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЈП ЗЛЕТОВИЦА – Месечниот надоместок „ептен примамлив“

Објавено во: Македонија 21 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Се бараат дури седум члена кои ќе бидат дел од Управниот одбор на „Злетовоца“ – Пробиштип. Владата објави Јавен повик со кој ги повикува заинтересирантие да се пријавува. Со огласот се бараат дури седум члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица'' – Пробиштип, со мандатот од четири години, со право на уште еден последователен мандат. 

- Дејноста на ЈП „Злетовица'' е собирање, обработка и снабдување со вода. Надлежности се: искористување на водите во земјоделството, вадење на чакал и песок, производство на хидроелектрична енергија собирање, пречистување, дистрибуција на вода за пиење и прехранбена вода, изградба на хидроградежни објекти, проектирање и инженеринг – стои во објавата на Владата. 

Како што е наведено, член на управниот одбор на ЈП може да биде лице кое е државјанин на Македонија, има завршен VII/1 степен образование и во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност. 

Што се однесува пак до барањата за квалификации од Владата посочуваат дека членовите на управниот одбор треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа: два члена на управниот одбор треба да имаат најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, (согласно со Националната класификација на дејностите публикувана од страна на Државниот завод за статистика), најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на финансиско работење, најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на правните работи и најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на техничките науки

- Членовите на Управниот одбор ги именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие - Владата. Член на управниот одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управниот одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на Управниот одбор – се наведува во огласот. 

Исто така се истакнува дека неспојливи се функцијата претседател и член на управниот одбор на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Македонија. 

Управниот одбор на првата седница од своите редови избира претседател и заменик претседател

Членовите на Управниот одбор на ЈП за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица'' – Пробиштип, примаат надомест за работата и членството во Управниот одбор и тоа: претседател: 8.000 денари, заменик претседател: 7.500 денари и член: 7.000 денари. 

Фото: МИА

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите