Се бараат работници за берба на јагоди
Објавено во: Балкан 24 Април, 2018
За недела дена почнува и до 10 јуни ќе трае бербата на јагоди во Хрватска, за каде се бараат и сезонски работници.
Во вргорачко има до 1.5 милиони садници со јагоди, а од тоа добро живеат 150 до 200 семејства.
Се очекува оваа година да бидат набрани 70 до 80 вагони јагоди.
Јагоди родија, полињата се полни, но нема работна сила.
Локалните жители велат дека освен мештаните, потребни им се плус од 300 до 400 луѓе.
Оваа година за осум работни часа на берачите им се плаќаат по 200 куни.
Тоа е сосема пристојна дневница, велат производителите.