ИАКО СЕ ДАВАAT ЗЕМЈОДЕЛСКИ СУБВЕНЦИИ: Колку храна извезуваме, а колку увезуваме?
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2020
Македонија во првите 6 месеци од оваа година извезла храна вредна 164 милиони евра.
Ова е според податоците на Државниот завод за статистика.
Тоа е износ кој Џеф Безос, сопственикот на Амазон го заработува за две смени од по 8 часа.
Во истиот период, Македонија увезла храна вредна 331 милион евра.
Овој износ Безос го заработува за 33 часа.
Иако се даваат субвенции за земјоделството, сепак Македонија двојно повеќе увезла од што извезла храна.