29 Април, 2024
0.0282

СЕ ИМА СВОЈА “ЦЕНА“: Сега нововработени, утре без работа?

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

“Спонозираните вработувања“ од државата ги плаќаат сите данчни обврзници.

Овие вработувања формално ја намалуваат невработеноста, но во позадина

отвораат серија на прашања: колку буџетот е во кондиција да ги алиментира овој

вид на вработувања, дали концептот се потпира на популистичка политика или

економски законитости, колку се нарушуваат пазарните усови и на крајот – дали

спонзорираните вработувања се одржливи.

Стимулации на грб на даночни обврзници ..

Податокот на Светска банка дека само 11 отсто од новоотворените работни места

се целосно финаирани од приватниот сектор а останатите 89 проценти од

државата, во јавноста отвори бројни дилеми. Според дел од економистите, клучно

еколку овој модел кој треба да ја зголеми вработеноста, односно, да ја намали

невработеноста е одржив.

“Социјалните придонеси за новите вработувања го оптоваруваат Буџетот на краток

и среден рок и влијаат на зголемување на дефицитот, но истовремено даваат

шанса на голем број невработени кои под пазарни услови не би нашле работа. Во

праксата се воочени и злоупотреби на мерките, во смисла одјавување од работен

однос за кој работникот плаќа јавни давачки во полн износ и потоа пријавување со

некоја од мерките за фискално стимулирање. Заради засилување на претставата

дека мерките се многу успешни, надлежните не се однесуваа доволно

конзервативно кон исполнувањето на сите барани услови од Законот за

вработување и осигурување во случај на невработеност“, вели аналитичарот

Павле Гацов кој смета дека овие мерки сепак имаат “цена“.

“Овие стимулативни мерки паѓаат на грб на даночните обврзници, сегашни и идни,

за сметка на заштитување на актуелниот профит на компаниите-работодавачи.

Нововработените лица треба да се стекнат со пензија после 30,40 годни, без

притоа во првите три, односно пет години да алиментирале за тековните пензии.

Сепак ако мерката како ефект влијае врз зголемување на бројот на вработените

после истекувањето на привилегираниот фискален период истата ќе овозможи

автономно полнење на буџетите на сите фондовите за социјално осигурување.

Ова се однесува и на буџетот после исекувањето на периодот од 3 години за

лицата што се вработени со ослободување по овој основ“ - вели економистот

Гацов.

Државната помош – популизам или економска оправданост?

Државната помош што по различни основи Владата ја доделува на странските

инвеститори преку дискрециони договори, според домашните бизнисмни создаде

нелојална конкуренција на парзаот на труд. Имено, неодамна од Здружението на

текстилната индустрија укажаа на нееднаквиот третман на државата кон нив и

побараа да им обезбеди еднаков третман како што имаат странските компании во

поглед на субвенциите за вработување од проектот „Mакедонија вработува 2“.

Од здружението велат дека странските работодавци за поголема плата од илјада

денари ги преземаат веќе обучените работници од домашните текстилни фабрики

без да вложат денар во нивната обука и понатамошно остручување. Текстилната

индустрија во земјава веќе со години наназад зема и најмали плати а бројот на

вработени во текстилната индустрија се движи меѓу 35 и 36 илјади. Нивната

просечна плата се движи до 13.00 денари.

Во концептот на субвениционирање на платите на нововработените во фабрикте

во ТИРЗ според дел од економистите, не само што отсуствува транспарентност,

туку и економска оправданост врз основа на пазарни услови.

“Заради привлекување на странските директни инвестиции битно се нарушија

условите за стопанисување меѓу домашните и странските инвеститори. Се

создадоа речиси паралелни економии. Ниту цените ниту курсот, поради разликите

во цената на трудот, не се единствени критериуми и сигнали за пазарно

однесување на сите стопански субјекти во земјата. На корисниците на субвенции

им се овозможува да остваруваат или високи екстра профити или да опстојуваат

на пазарот со државна помош, а тие кои не користат можат и да пропаднат,

бидејќи ја губат ценовната конкурентност во однос на субвенционираните“, вели

економистот Шајноски.

Колку се одржливи новоотворените работни места?

Државните стиумлации за нови работни места беа нотирани и во последниот

објавен изјвештај на Светска Банка, што предизвика дебата во експертските

кругови.

“Може да се види дека практично 89 проценти од новокреираните работни места

се со фискален стимул. Со оглед на тоа што имате работни места што се

креираат, каде што работодавецот е ослободен плаќање на социјални придонеси и

слични давачки. Така што ова од друга страна создава притисоци на среден рок,

туку пред се мисли на притисоци врз Фондот за ПИОМ”, изјави недоамна Бојан

Шимов аналитичар од Светска банка.

Со сегашните стапки на економски раст, вака отворените работни места, според

дел од економисите, нема да бидат одржливи.

“Нивната одрживост ќе се покаже по истекот на периодот на фискална

стимулација и задолжителниот законски период за неотпуштање на овие

работници. После овој тајминг на работа ќе остануваат само оние работници кои

тоа го заслужуваат. Се разбира ова зависи и од циклусот во кој се наоѓа

македонската економија. Ако растот на бруто домашниот производ и понатаму е

слаб, многу од овие работници ќе се најдат на пазарот на работна сила. Во овој

момент прогнозата за одживоста зависи од прогнозата за раст“, вели

анлаитичарот Гацов.

Со точно таргетирани категории на невработени лица, оние кои с еевидентирани

како активни баратели на работа, Владата во изминатите години промовираше

различни пакет мерки преку кои со државна помош, во форма на кредити,

гранотови и даночни ослободувања , се стимулираа нови работни места. Базата

на овие политики е вградена во Оперативниот план за вработување кој се усвојува

секоја година а за 2016 та вкупно тежи 11,5 милиони евра и треба да опфати 13

500 луѓе.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа