01 Јули, 2024
0.0349

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот и велат дека се напаѓа еден од главните столбови на Охридскиот договор. 

По најавата за укинување на алатката балансер која денеска ја објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска реагираа опозициските Демократска унија за интеграција (ДУИ) и крилото на Зијадин Села од Алијанса за Албанците (АА). Во одвоените партиски реакции се вели дека со најавите за менување на бројките во балансерот ќе се игнорираат податоците од последниот попис според кој Албанците сочинуваат речиси 30 отсто од населението, а наместо тоа, сега тој процент ќе биде под 25, како на пописот пред 20 години.

„Во меѓувреме, губитниците на изборите и партнерите на Стоиљковиќ, заробени и немоќни, немо набљудуваат, но и активно придонесуваат за секојдневно деградирање на положбата на Албанците. Тоа е јасна последица на тоа што не се избрани претставници на албанската заедница, туку претпочитан партнер на ВМРО ДПМНЕ, ставајќи ги позициите во преден план, иако добија само трошки од институциите одземени од нивните надлежности“, велат од ДУИ. 

Тие додаваат дека нема да дозволат каков било обид за поткопување на достигнувањата на Охридскиот договор. Од Алијанса за Албанците велат дека ова е штетно. 

„Ја повикуваме нелегитимната власт итно да ги прекине овие игри кои ѝ штетат на меѓуетничката кохезија, на правата на етничките заедници и можат да донесат сериозни последици за иднината. Премиерот Христијан Мицкоски, кој прв најави укинување на балансерот, да не мисли дека сите Албанци се како неговите сервили, кои тој самиот ги избра за послушен партнер во неговите застрашувачки проекти“, се наведува во реакцијата на Алијанса за Албанците.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска рече дека како што ветиле и во предизборитето, Владата го започнува процесот на укинување на алатката балансер, кој ќе се одвива во фази.

Андоновски најави дека е започната првата фаза од укинувањето на балансерот односно алатката која треба да гарантира правична и соодветна застапеност на етничките заедници во државните институции.

Тој информираше дека сега балансерот ќе важи само за лица резиденти, додека оние кои се регистрирани во странство нема да бидат дел од алатката.

И додека премиерот Христијан Мицкоски најавува целосно укинување на балансерот, владиниот партнер Вреди неколкупати најави дека укинувањето на балансерот ќе биде заменето со закон за правична и соодветна застапеност на заедниците. 

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ: Сега е време за работа, нема време за славење

ФИЛИПЧЕ: Сега е време за работа, нема време за славење

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

АВРАМОВСКА-МАДИЌ: Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено, излезени се 12.608 членови или 54 отсто

АВРАМОВСКА-МАДИЌ: Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено, излезени се 12.608 членови или 54 отсто

ДЕСПОТОВСКИ: Нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори

ДЕСПОТОВСКИ: Нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: На Табановце се чека околу два часа

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: На Табановце се чека околу два часа

АХМЕТИ: Македонија може да стане држава со два народи со бугарско и со албанско државјанство

АХМЕТИ: Македонија може да стане држава со два народи со бугарско и со албанско државјанство

ОГНЕНАТА СТИХИЈА ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА КУЌИТЕ: Втор хеликоптер делува кај Сушево и Злеово

ОГНЕНАТА СТИХИЈА ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА КУЌИТЕ: Втор хеликоптер делува кај Сушево и Злеово