Се очекуваат снежни врнежи на Балканот
Објавено во: Македонија, Балкан 11 Октомври, 2020
Снег се очекува на Балканот.
Во Словенија и Хрватска, прво ќе пристигне студениот бран од Арктикот и ќе услови врнежи од дожд и снег на планините, а темпоературите значително ќе се намалат и ќе бидат невообичаено ниски за овој дел од годината, пишува метеорологот Славчо Попоски.
Потоа од овој студен бран доцна попладнево и во текот на ноќта кон утрешниот ден ќе биде зафатена и Босна каде се очекуваат интензивни врнежи од дожд, поради продорот на студен воздух на планините врнежите од дожд ќе поминат во врнежи од снег каде ќе дојде до формирање на снежна покривка, локално и позначителна.