СЕ ПОЈАВИЈА „БОМБИ“ ЗА МИЛОШОСКИ: Со кого и за што разговара?
Објавено во: Македонија 06 Март, 2020
Неколку прислушувани разговори се објавени денеска на Јутјуб, на кои се слуша гласот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, како разговара со поранешниот претседател на Врховен суд, Јово Вангеловски.
Му се обраќа за предметот со Здружението на возачи-Кичево, со кој се поврзан неговиот татко.
Милошоски му вели на Вангеловски дека од татко му добил информација за одлука на Врховен суд, која не е баш поволна. Предметот, според снимката, бил кај судијата Николчо Николовски, чиј број, според она што се слуша, Милошоски го добива од Вангеловски.
Милошоски, како што може да се чуе на снимките потоа се јавува и директно кај еден од судиите, кои го водат предметот, но и кај уште едно женско лице.