07 Мај, 2024
0.0248

Се потпишува петиција за санкционирање на професорката која го оправда тепањето на Шеќеринска

Објавено во: Македонија 30 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Петиција ќе биде испратена до Министерството за образование и наука и СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ за санкционирање на професорката, Тања Ангова. 

Оваа петиција се потпишува на социјалните мрежи.

Таа на нејзиниот Фејсбук профил го поддржува насилникот кој ја нападна пратеничката Рамила Шеќеринска од СДСМ. Напиша дека тоа што тој го направил било малку и требало повеќе да ја тепа. 

„Како и сите граѓани, така и професорите имаат право на свое лично мислење и слобода на говор, но тоа не подразбира говор на омраза во кој експлицитно охрабруваат насилство и агресија. Бараме одговорност и санкции за оваа професорка која со нејзината објава го одобрува и поздравува насилството кое се случуваше во Собранието на 27.04.2017“- велат иницијаторите на петицијата.

Иницијаторите на петицијата велат дека при вонредна состојба, од професорите се очекува апел за трезвеност и решавање на проблемите по пат на дијалог, толеранција и разбирање, но не и по пат на повикување на насилство.

Кривичникот законик е дециден кога е во прашање „Ширењето на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, каде не само што опфаќа забрана на јавно ширење преку компјутерски систем на расистички и ксенофобичен материјал туку и на содржини што помагаат, промовираат или поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство против кое било лице или група, врз која и да е дискриминаторска основа.

Петицијата покрената пред десет часа и е потпишана од над 3.100 граѓани. 

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта