22 Ноември, 2024
0.0522

Се проверуваат матичните броеви по приговорите за платежната картичка

Објавено во: Економија 01 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Од Министерството за финансии велат дека е одговорено на сите прашања испратени по електронски пат во врска со платежната картичка од 3.000 денари од третиот сет на економските мерки за справување со корона-кризата.

За домашните платежни картички биле испратени 50.000 мејлови, но од нив, како што велат од Финансии, близу половината, односно околу 20.000, биле прашања, за некои нејаснотии што ги имаат граѓаните околу картичките, а не конкретни приговори. На овие мејлови е веќе одговорено, велат од министерството.

За другите 30.000 кои се класични приговори, за сите нив, нивните матични броеви се извадени и се дадени на проверка до Фондот за здравство, Министерството за образование и наука, Управата за јавни приходи, како и Агенцијата за вработување.

„На сите овие приговори се работи забрзано, и веќе од следната недела се очекува, за сите уважени приговори, да се печатат картичките. Како што се обработуваат приговорите, така и се одговараат“, велат од Финансии за „Фактор“

Односно, на сите приговори би требало да се одговори до крајот на неделава, но од Финансии не сакаат да лицитираат со конкретни рокови, со цел потоа да нема реакции доколку не се постигне да се одговори токму во тој период. 

Всушност, нагласуваат од Финансии, до 18 јули треба да заврши целиот процес околу картичките, односно сите што ги заслужуваат да бидат известени за тоа, картичките да бидат испечатени и да бидат испратени до корисниците. 


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria