МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА ПОСКАПЕ: Потребни се повеќе пари за живот
Објавено во: Економија 22 Април, 2025 16:34
Синдикалната кошница за април e поскапа за 836 денари, односно сега се потребни 62.700 денари за семејство за да се преживее месецот.
Најмногу, односно 21.480 денари (34,3 отсто) од буџетот се издвоени за храна и пијалаци. За облека и обувки се издвоени 5.634 денари (9 отсто), за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.096 денари (9,7 отсто), за лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.455 денари (3,9 отсто).
Во априлската кошничка за здравје се издвоени 1.136 денари (1,8 отсто), за транспорт 4.615 денари (7,4 отсто), за комуникации 3.417 денари (5,5 отсто), за рекреација и култура 5.592 денари (8,9 отсто), за образование 7.036 денари (11,2 отсто), ресторани и хотели 4.131 денари (6,6 отсто) и останати стоки и услуги 1.100 денари (1,8 отсто).
„Денеска, за жал 2,5 минимални плати не ја покриваат вредноста на Синдикалната минимална кошница, па реално и оправдано е барањето за зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, како и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра“, стои во објавата на Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ).
Но, ќе има и владината кошничка. Наместо минимална, таа ќе е просечна и нема да опфаќа четири, туку тричлено семејство.
foto freepik.com/aleksandarlittlewolf
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




