Добивај вести на Viber
Следниот период општина Ресен ќе ги санира ударните дупки на локалните патишта во улиците. Работите ги доби скопската градежна фирма „Иво Изолација“ која треба за две недели да ги санира улиците на Преспа, оносно во градот Ресен и локалните патишта во селските населби.
Како што истакна градоначалникот на општината Ѓоко Стрезовски, ова е неопходно за граѓаните и ветено уште за време на предизборната кампања.
Во тековната 2013 година Стрезовски најави комплетно асфалтирање на повеќе пристапни патишта во општината.