Се сѐ случило за три минути: Застреланиот Оливер прва го нашла сосетката која излегла да купи леб
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2018
Партиската колешка и соработничка на Оливер Ивановиќ Ксенија Божовиќ вели дека никој не го слушнал пукањето во кое е убиен Ивановиќ и додава дека го пронашла соседка пред партиските простории кога се враќала од продавница.
„Се подготвував да тргнам на работа. Секретарката беше во канцеларија. Го нашла прва сосетката која излегла да купи леб и се враќала од продавница. Го видела како лежи пред канцеларија“, рекла Божовиќ.
Сосетката , како вели, ја известила секретарката која повикала Итна помош.
„Се сѐ случи во рок од две, три минути . Не се слушна пукање...ако се четири, пет куршуми во него, најдени се три чаури“, рекла таа.
Запрашана дали имало закани кон Ивановиќ, Божовиќ рекла дека неговите соработници не знаеле за тоа и дека тој бил човек кој другите ги штител и никогаш не се жалел.
„Ништо не знаевме, но со самото тоа како се одвиваше ситуацијата, затвор, па пуштање на слобода, избори ...Насред бел ден изрешетуваш човек кој тргнал да работи . Луѓето се вознемирени. Не знам што да кажам“, рекла Божовиќ.
За потсетување, еден од најважните српски политичари на Косово, Оливер Ивановиќ е смртно застрелан од огнено оружје утрината во атентат во Косовска Митровица.