СЕ СКАРАА ЗА ЗНАМЕ НА СПОРЕН ОСТРОВ: Турците ги опоменаа Грците да не провоцираат
Објавено во: Балкан 16 Април, 2018
Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим денеска изјави дека турските крајбрежни стражари го отстраниле знамето од островот покрај брегот на Егејското одморалиште Дидим, објави Вашингтон Пост.
„Крај турскиот брег повторно се вее грчко знаме на карпест остров над кого суверенитетот не е дефиниран. Турската крајбрежна служба интервенираше и го тргна знамето од таму. Нашиот совет за Грција е да се воздржи од провокации и вознемирувања. Решени сме да дадеме соодветен одговор“ - вели тој.
Јилдирим вели дека инцидентот е сличен на оној од 1996 година, кога двата НАТО сојузници завојувале поради ненаселениот остров Имиа, т.е. Кардак на турски – за кого и Турција и Грција велат дека е нивен.
Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос рече дека Владата не знаела за инцидентот и ги опиша забелешките на Јилдирим како „провокативни и неоправдани“.
„Мислам дека Јилдирим треба да биде повнимателен. Ја повикуваме Турција да се врати кон почитување на меѓународното право. Тие треба да преземат иницијатива за деескалација на тензиите“ - рече тој.
Грчкиот владин портпарол вели дека изјавата на турскиот премиер е за осуда.