01 Јули, 2024
0.0258

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ВОДОВОДНА ЦЕВКА, И ПОТОА НАМЕРНО ГО УДРИЛ СО КОЛА И ГО УСМРТИЛ - 25 годишник од велешко ќе биде гонет за убиство

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен жител на селото Виничани за кого постои основано сомнение дека со умисла лишил од живот едно лице, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

„На 19 јули настанала вербална расправија за водоводна цевка во селото меѓу таткото на осомничениот и жртвата, по што осомничениот заминал дома, го зел автомобилот Фиат панда сопственост на неговиот татко и со многу голема брзина се упатил директно кон оштетениот, намерно удирајќи го со возилото.

При ударот, оштетениот со глава удрил во ветробранското стакло на автомобилот, излетал во воздух и се закачил на жичана ограда од двор, по што паднал на земјата, здобивајќи се со многу тешки телесни повреди од кои починал на лице место“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот, но и веројатност дека би можел да го повтори или да стори ново кривично дело.​

Можеби ќе ве интересира

ЗА ДЕНЕС ИМА МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Еве што предупредуваат синоптичарите

ЗА ДЕНЕС ИМА МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Еве што предупредуваат синоптичарите

ФИЛИПЧЕ СО МНОГУ ВЕТУВАЊА: Се огласи на фејсбук по победата

ФИЛИПЧЕ СО МНОГУ ВЕТУВАЊА: Се огласи на фејсбук по победата

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДА ВОЗИТЕ? Еве се што не сте знаеле дека е погрешно, а го правите како возач

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДА ВОЗИТЕ? Еве се што не сте знаеле дека е погрешно, а го правите како возач

ФИЛИПЧЕ: Сега е време за работа, нема време за славење

ФИЛИПЧЕ: Сега е време за работа, нема време за славење

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

АВРАМОВСКА-МАДИЌ: Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено, излезени се 12.608 членови или 54 отсто

АВРАМОВСКА-МАДИЌ: Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено, излезени се 12.608 членови или 54 отсто

ДЕСПОТОВСКИ: Нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори

ДЕСПОТОВСКИ: Нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција