СЕ СЛУЧИ И ТОА: Првиот НАТО потпис за руски S-400
Објавено во: Свет 29 Декември, 2017
Турција и Русија потпишаа договор за набавка на ракетни системи за воздушна одбрана S-400, јавија турските медиуми.
Договорот за купување на системите S-400 наводно е вреден околу 2,5 милијарди долари, што потврдил и директорот на корпорацијата „Ростек“ Сергеј Чемезов.
Турската набавка на системи S-400 предизвикала загриженост меѓу членките на НАТО, бидејќи тие системи не можат да се интегрираат во воената архитектура на алијансата, пренесе Ројтерс.
Чемезов претходно потсети дека Турција е прва членка на НАТО која купила систем S-400.
Тој исто така рекол дека испораката кон Турција ќе започне во март 2020 година.
Рускиот S-400 е најмодерен руски ракетен систем за воздушна одбрана, кој е во служба од 2007 година. Дизајниран е да уништува авиони, крстаречки и балистички ракети, а може да се користи и против копнени мети.
S-400 има домет од 400 км , а мети може да зафаќа и на висина до 30 километри.