22 Септември, 2020
0.0357

СЕ СЛУЧИ ОНА НА ШТО ПРЕДУПРЕДУВАА ЛЕКАРИТЕ - празничните гужви и забави пак ја „запалија“ короната

Објавено во: Македонија 08 Август, 2020

Летни одмори и голем метеж ширум туристичките места во земјава, полни шеталишта, ресторани, кафеани, особено за празникот Илинден минатата недела.

И не само тоа, силни забави по локали без маски и без почитување на мерките.

Една таква се случувала и вчера вечерта во локал во Струмица, за што кружи видео на социјалните мрежи. 

Забавите на плажите во Охрид, пак, минатата недела кога времето беше убаво, веќе не се тајна, а резултираа и со кривични пријави за неколку угостители.

Дали сето ова беше причина за растот на бројот на заболени од коронавирусот во последниве денови, токму како што предупредија епидемиолозте, дека тоа ќе се случи пет до седум дена по големите гужви. 

Како што предмалку напишавме, денеска во земјава се регистрирани 200 нови случаи на заразени со коронвирусот, од направени 1.828 тестирања, а починати се четири лица.

Ова следува откако вчера установите потврдија 155 нови случаи, а во четвртокот тој број беше 113 пациенти. Во средата, пак, бројот на заболени беше само 88, односно двоцифрен број, што создаде радост дека вирусот како да стивнува, а и надеж дека и натаму тој број ќе се намалува.

Но, наместо тоа секој ден имаме се поголем број заболени, за денеска бројката да достигне дури до 200.

Останува да видиме како во следните денови ќе се движи бројот на заболени. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Јанушев се повлекува, а Мицкоски кажа дека има полн легитимитет за водење на партијата

Јанушев се повлекува, а Мицкоски кажа дека има полн легитимитет за водење на партијата

Љупчо Палевски кажа кој наредил да го претепаат

Љупчо Палевски кажа кој наредил да го претепаат

Ќе се прави постмортен тест за украдениот пациент од Струмица

Ќе се прави постмортен тест за украдениот пациент од Струмица

Одбиен е предлогот на Мицкоски за вонреден конгрес

Одбиен е предлогот на Мицкоски за вонреден конгрес

РОДНИНА НА ПОЧИНАТО БЕБЕ БУРНО РЕАГИРАЛ: Спречен нов инцидент во струмичката болница

РОДНИНА НА ПОЧИНАТО БЕБЕ БУРНО РЕАГИРАЛ: Спречен нов инцидент во струмичката болница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украден мртовец во Струмица, а младо моче почина од коронавирусот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Украден мртовец во Струмица, а младо моче почина од коронавирусот

ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО СТРУМИЦА: Дваесетина луѓе го однеле мртовецот сосе креветот

ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО СТРУМИЦА: Дваесетина луѓе го однеле мртовецот сосе креветот

Еве како изгледа пешачката зона покрај Вардар денес

Еве како изгледа пешачката зона покрај Вардар денес

ЦРН БИЛАНС: Досега 700 граѓани починаа од коронавирусот

ЦРН БИЛАНС: Досега 700 граѓани починаа од коронавирусот