16 Мај, 2024
0.0261

СЕ СОГЛАСУВАТЕ ЛИ: Нема такво нешто како флексибилно работно време …

Објавено во: Стил 18 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Сеуште немаме летечки автомобили и врски за чевли кои се врзуваат сами, како ни ветуваа научно-фантастичните филмови пред неколку години. Но пак интернетот ни овозможи да работиме насекаде, во секое време и така се урна стандардот за работно време од 9 до 5. Или пак не? Иако повеќе компании ветуваат флексибилност, реалноста покажува дека службената култура е далеку од онаа за која сонуваат.

За многу од нас пловина работно време значи дека сепак фаќаме по неколку часа од 9 до 17 часот. Целосно разбирливо е - повеќето партнери се активни тогаш, пазарите се отворени, банките прифаќаат плаќање итн . Но, додека дигиталната технологија дозволи одреден степен на раздвиженост во традиционалниот работен ден, тоа роди и некои неочекувани последици.

Една од нив, според експертите, е падот на довербата во канцеларијата. Дури и да сте рок ѕвездата во службата, шефот веројатно не ви верува целосно. Колегите веројатно не му веруваат на газдата. А самите вие сигурно немате доверба ниту во него, ниту во нив. Потпирање на различни технологии нè тера да заборавиме и да ги омаловажуваме вештините кои само луѓето ги имаат и да се сомневаме во нивните најдобри перформанси.

„Дигиталната ера доведе до пад на емпатијата. Се потешко покажуваме разбирање за ситуација во која паднал друг човек“, тврди Шери Торкул од Масачусетскиот технолошки институт.

Има и друго. Некои психолози тврдат дека развојот на модерната технологија ги натерал вработените да се чувствуваат постојано под надзор. Тие се чувствуваат следени дури и кога работат од дома. Истражувачите го нарекуваат овој феномен „токсичен извор на стрес“.

Можните опции за флексибилно работно време стануваат се повеќе ограничени. Поради технолошкиот напредок многу професии се заштитени од исчезнување или во блиска иднина ќе бидат управувани од машини, не од луѓе. Вработените во овие области се загрижени за животот и одбиваат да го искористат тие часови. Сметаат дека нивното присуство во канцеларијата ќе ја направи нивната замена потешка.

Но тоа исто така може да е контрапродуктивно. Колку повеќе контрола имаме врз своето време - кога и каде работиме, толку позадоволни сме од работата. Универзитетот во Ворвик, Велика Британија имал истражување чии резултати покажуваат дека среќните луѓе на работа се со 12% попродуктивни од останатите. Овие вработени го користат своето време поефикасно и ги извршуваат своите задачи побрзо, без тоа да влијае на квалитетот.

Дали некогаш ќе дојде момент во кој флексибилните часови на работа навистина ќе ја менуваат целокупната професионална култура на подобро? Можеби, слично на летачките автомобили, едноставно не е замислено да биде.