Сe става крај на смртоносните инјекции
Објавено во: Свет 14 Мај, 2016
Најголемата американска фармацевтска компанија Pfizer објави дека презела чекори за запирање на користењето на лековите за извршување на смртна казна, пренесува BBC.
„Се противиме силно на користењето на кој и да е наш производ за смртоносни инјекции при извршување на смртна казна“, соопштија од компанијата. Од таму истакнуваат дека нивните производи се наменети за спасување на животот на пациентите.
Оваа одлука го отстранува и последниот пазарен извор на лекови кои се користат за егзекуции во САД, каде смртоносната инјекција долго време е најчесто користен метод за убивање на луѓе осудени на смрт.
Традиционално се користи комбинација на лекови, која делува приспивно кај затвореникот и го отежнува дишењето, што доведува до срцев удар.
Во ЕУ има забрана за извоз на такви лекови од 2011 година.
Во соопштението на Pfizer се вели дека 7 од лековите ќе им бидат продавани само под услов дека нема да се препродаваат на поправни институции.