Се „стопи“ бројот на вработени во индустријата
Објавено во: Економија 04 Мај, 2021
Се „стопи“ бројот на вработени во индустријата. Oва може да се види од најновите статистички податоци. За три отсто е намален бројот на работниците во секторот во март годинава во однос на истиот месец минатата година.
Во првото тромесечје од 2021 година бројот на работници е помал за 3,5 отсто во споредба со истиот период лани. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март 2021 година, во однос на март 2020 година, има опаѓање од 6,6 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија има намалување од 2,7, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3 проценти. Овие податоци ги објави Државниот завод за статистика. Овој сектор е погоден од пандемијата.
foto freepik