Се стресе Македонија
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2020
Земјотрес кој се случил на албанско тло е почувствуван и во Македонија.
Земјотрес со јачина од 4,78 степени според Рихтер е регистриран денеска во 17:21 часот во соседна Албанија, а почувствуван е и во Македонија.
Земјотресот е со епицентар во градот Драч, и бил на длабочина од 6 км.
Во Албанија денеска имаше неколку потреси.