05 Мај, 2024
0.0242

Се топи индустријата, а има и отпуштања - и во јули короната го зеде цехот

Објавено во: Економија 01 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Индустријата го плаќа цехот на корона кризата. Во јули индустриското производство паднало за 9,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Во истиот месец, бројот на работниците во индустријата е намален за 6,2 проценти.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи опаѓање од 36,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,5 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,6 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 10,7 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 9,1 отсто, Капитални производи за 17,4 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 37,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 отсто.

Во врска со бројот на работниците, пак, кај рударството во јули 2020 тие бележат опаѓање од 0,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 6,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,9 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0,9 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 5,4 отсто, Капитални производи за 10,9 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4 отсто.

Инаку, од јануари до јули годинава, гледано кумулативно, индустријата регистрирала опаѓање на бројот на вработени за 4,6 отсто во споредба со лани, а најголема причина за ова е падот на индустриското производство од 13,8 отсто во првите седум месеци од годинава.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години