10 Мај, 2024
0.0257

Се тргаат десетгодишните „пранги“, од денеска слободно ќе се купува навечер пиво, вино и жестоко

Објавено во: Економија 07 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

По потребните осум дена изминати од објавувањето во Службен весник денеска стапуваат во сила измените на Законот за трговија, односно се укинува забраната за продажба на алкохол по 19 часот (во есен и зима) и по 21 часот (во пролет и лето), така што граѓаните можат слободно да купуваат пиво, вино и жестоки пијалоци во.малопродажните места и маркети се до затворањето.

Овој месец се навршуваат точно десет години од усвојувањето на измените во Законот за трговија со кои се воведе забраната на продажбата на алкохолни пијалаци. Точно пред една година беше поведена првата иницијатива за измени во Законот за трговија по што започнаа владините и собраниските процедури.

- Оваа забрана ми создаваше многу проблеми и секогаш морав навреме да го запазувам рокот, бидејќи сум голем љубител на пивото. Од друга страна и при прошетка со другарите доцна навечер не можев да купувам, па се ставав во непријатни ситуации да ги молам трговците да ми продадат по некоја лименка под рака, иако тие го користеа тоа и ми продаваа поскапо - признава Љубомир З. од скопската населба Кисела Вода.

Додека некои од трговците беа доброзапознати со почетокот на примената, одредени до вчера се уште не беа информирани за терминот.

- Треба администрацијата официјално да провери во службите, но запознат сум со тоа дека службено одлуката стапува во сила - вели Ристо Петков, сопственикот на скопските маркети „Гранап“.

Дел од малите продажни места до последен момент чекаа сопствениците да им потврдат.

- Го знам тоа, но треба прво да ме извести газдата. Како и да е, тоа ќе биде добро за прометот и нема да морам да заклучувам фрижидери - изјави еден продавач на пиљарница во скопската населба Мичурин.

Членките на Здружението на трговијата се едногласни дека дерегулацијата е во интерес на трговските компании, но и во интерс на потрошувачите и на државата. Законските ограничувања, тврдат од таму, иницираат избегнување на примената на некои одредби, кое предизвикува незаконско работење и појава на „сива“ економија. Освен работното време за нивната продажба, тешкотија им претставуваше и физичкото одделување на алкохолните пијалаци.

Оценка е дека со овие одредби драстично ќе се дерегулира работењето на трговските компании, ќе се воспостави еднаквост на пазарот, ќе се намалат трошоците во секојдневното работење, а приливот во државниот буџет нема да се намали, поради поголемата потрошувачка

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина