Се урна бразилски хеликоптер, 4 мртви, имало и престрелка
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2016
Полициски хеликоптер се урна во Рио де Жанеиро по силна престрелка со криминална банда во едно од најозлогласените гета „Божји град“, при што се загинати четворица офицери кои биле во леталото, а на местото на падот нема дополнително лица повредени.
Засега полицијата нема точна претстава дали хеликоптерот се срушил како резултат на напад со огнено оружје или пак за падот има други причини, па поведена е целосна истрага.