Се уште ни трага ни глас од косовските полицајци
Објавено во: Балкан 30 Април, 2018
Македонската полиција и натаму ги бара косовските колеги Малсор Даши и Арменд Трена кои се уште се водат како исчезнати, а веќе повече од 24 ччаса се бараат долж реката Лепенец и во косовскиот но и во македонскиот граничен појас.
Во потрагата вклучени се специјалните косовски полициски сили, тамошни пожарникари, граничната полиција од Македонија, но и населението од Качаник. Формиран е кризен штаб, токму на местото каде се случича несреќата, на околу 3 километри до македонската граница.
Местото каде излетало службеното возило цел ден беше обезбедено со полициски ленти, голем број специјалци придружувани од амбулантни возила.
На терен пристигна и премиерот Рамуш Харадинај кој рече дека ќе побара дополнителна помош од неговиот колега во Скопје Зоран Заев.
Се уште не е откриено како полициското возило излетало од патот Хан Елези и Качаник. Министерот за внатрешни на Косово, Бејтуш Гаши од терен порача дека се уште не се познати причините кои довеле до сообраќајната несреќа, а која се случила на пат со лоши услови за возење.