СЕ ЗАТРЕСЕ АЛБАНИЈА, ЗЕМЈОТРЕСОТ СТИГНА ДО МАКЕДОНИЈА: Детали за синоќешното тресење на тлото
Објавено во: Балкан 29 Јануари, 2020
По земјотресот кој синоќа околу 21:15 часот ги вознемири жителите на Скопје и околината на Дебарско , нема извештаи за можни жртви и материјална штета.
Земјотресот со јачина од 5,5 степени по Рихтер беше со епицентар во северна Албанија, а се почувствува и во земјава, но и во Црна Гора.
Потресот бил во околината на Драч, на длабочина од 10 км.
АТА јави дека земјотрес со јачина од 4,8 степени ја погодил Тирана и околината.
Потсетуваме, во ноември Албанија ја погоди разорен земјотрес, а епицентарот беше во Драч.
Бројни згради тогаш беа урнати, а загинаа над 40 лица. Тоа беше најсилниот земјотрес кој ја погодил Албанија во последните неколку децении.