СЕАД КОЧАН И БОБАН ИЛИЌ НА ЛИСТАТА НА ПОМИЛУВАЊЕ: Министерот Маричиќ ќе помилува уште 46 лица
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2021
На списокот на
лица кои издржуваат затворска казна се најдоа имињата на 48 затвореници. За
нив, министерот за правда Бојан Маричиќ ќе побара од претседателот Стево Пендаровски
целосно или делумно помилување.
Листата ексклузивно ја обезбеди Алсат, а меѓу останатите, како што наведува медиумот се имињата на Сеад Кочан, Бобан Илиќ, како и Александар Василевски осуден зa тероризам за крвавите настани во Собранието на 27 април 2017 година.
-За 45 од нив се бара делумно помилување, додека за три целосно помилување, пишува Алсат.