СЕКАДЕ ВИСАТ ОГЛАСИ: Работници нема ни за лек
Објавено во: Финансии 26 Септември, 2018
Од почетокот на оваа година, хрватските газди имаат потреба од работници.
Овој недостиг на работници ги помати плановите во туристичката, градежната и прехранбената индустрија.
И во трговијата нема работници, а во туристичките центри висат огласи „Бараме работници“.
Во големиот трговски ланец Konzum од почетокот на годината се вработени 1200 луѓе со сите поволности, вклучувајќи бонуси, регреси и слично.
Но, од регион до регион, е различно, па така ако во Загреб фалат работници, во Славонија тој недостиг го нема.